Македонија 06. мај 2019. / 22:01

Заев испрати писмо со сочувство до Медведев

Заев испрати писмо со сочувство до Медведев

Премиерот Зоран Заев испрати писмо со изрази на сочувство за загубените животи и повредените лица во трагичната авионска несреќа на аеродромот Шереметјево во Москва, до премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев.

-Со жалење ја примив веста за авионската несреќа. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од мое лично име, упатувам искрено сочувство до Вас, до рускиот народ и до роднините и блиските на настраданите, и воедно на повредените им посакувам брзо заздравување- се вели во писмото на премиерот Заев до претседателот на Владата на Руската Федерација, Медведев.