Македонија 27. ноември 2018. / 11:44

Заев: Има подобри од мене, нема да се кандидирам за претседател

Заев: Има подобри од мене, нема да се кандидирам за претседател

Премиерот на Македонија Зоран Заев на новинарското прашање на ТВ21 дали би прифатил да се кандидира за претседател на Македонија, рече дека нема намера за такво нешто.

„Не, не би прифатил. Мислам дека треба да се истрае цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се доврши овој процес во кој се наоѓаме. Јас мислам дека има многу подобри кандидати од мене“, рече Заев.