Македонија 05. март 2021. / 12:54

Заев: Има нов пик на заболени, комисијата ќе одлучи дали ќе има нови мерки

Заев: Има нов пик на заболени, комисијата ќе одлучи дали ќе има нови мерки

Премиерот Зоран Заев денеска ја информираше јавноста дека 3.000 вакцини против Ковид 19 се очекува да пристигнат во недела.

Тој потенцираше дека во Македонија се јавува нов пик на вирусот, но за воведување на рестриктивни мерки ќе се чека предлог од Комисијата за заразни болести.

-За евентуални рестериктивни мерки ќе ја чекаме Комисијата за заразни болести. Веројатно тие ќе работат денеска и во текот на викендот.Во понеделник во 9 часот е стандардно главниот координативен штаб на Владата, кадешто присуствува министерот за здравство, но и членовите на Комисијхата реферираат. Дефинитивно ќе ги следиме нивните препораки.

Јас не би сакал да истрчувам со било што заради тоа што вчера ми беа презентирани графиконите, табелите за тоа што се случува. Имаме еден нов пик што се јавува, односно покачување. Ќе го следат веројатно и денеска и во текот на викендот за да можат да направат конечен репорт за 9 часот наутро во понедленик. Да видиме бројките што ќе кажат овие денови и што ќе биде предлогот на државната здравствена комисија, кажа Заев.