Македонија 04. јуни 2019. / 14:13

Заев им посака добредојде на македонските шампиони – половина милион евра за вардарци

Заев им посака добредојде на македонските шампиони – половина милион евра за вардарци

Премиерот Зоран Заев ги прими ракометарите на Вардар во просториите на Владата и им честита за огромниот успех кои го постигнаа.

Заев исто така вети дека Владата ќе издвои 500.000 евра како награда за успехот, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

– Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца! ❤️?❤️?❤️?
Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.
И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.
Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции.
Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. ??
Честитки Вардаре! – напиша Заев на социјалните мрежи.