До утре треба да биде изготвен текстот на нацрт уставните амандмани во кои треба да бидат инкорпорирани поголемиот дел од предлозите на осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои гласаа за почеток на уставни измени.
Премиерот Зоран Заев попладнево во Собранието им ги презентира уставните амандмани со инкорпорирани барања на осумте пратеници од опозицијата, коишто гласаа за отворање на Уставот. Планот е амандманите утре да поминат на владина седница, а потоа да бидат доставени во Собрание.