Македонија 16. февруари 2020. / 15:23

Заев: Им честитам на сите 80 пратеници, ги победија притисоците и гласаа за

Заев: Им честитам на сите 80 пратеници, ги победија притисоците и гласаа за

По усвојувањето на Законот за ЈО од страна на пратениците во Собранието, претседателот на СДСМ во штабот на партијата одржа прес-конференција на која рече дека со донесување на Законот за јавно обвинителство е ставен уште еден темел за неселективна правда.

Според Заев, ова е историска победа против криминалот и крадењето на пари и истакна жалење што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.

–Почитувани граѓани, Успеавме. Ставиваме уште еден темел на неселктивна правда. Правда и борба против криминалот и корупцијата. За тоа се боревме. Презедовме чекори кон силна и правна држава, доаѓа правда. Им честитам на сите 80 пратеници, ги победија притисоците и гласаа за. Мнозинството во Парламентот постигна победа врз  криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ. Со овој закон загарантирана е правна разрешница на сите предмети почнати од СЈО. На обвининетите ќе им се суди со докази кои без обезбедни во долги постапки, а индиции беа бомбите, рече Заев.