Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со премиерот, Зоран Заев како се возат низ Охридското Езеро.
Заев искористува денови од годишниот одмор во Охрид. Како што соопштија од владината прес-службата, тој одморот го минува со семејството.
,,Секогаш е вистинското време да го нaправиш тоа што е правилно”, напиша Зекири на својот Фејсбук прфил каде што објави слика од него и премиерот Заев, заедно во кајчето.