Македонија 08. мај 2019. / 10:02

Заев и Рама на ифтарска вечера во Сараево

Заев и Рама на ифтарска вечера во Сараево

Премиерот Зоран Заев синоќа присуствувал на ифтарска вечера во Сараево, во друштво на Денис Звиздиќ, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина и со албанскиот премиер Еди Рама.

-На покана на претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, присуствував на ифтарска вечера во Сараево заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама.

Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат како народи, напиша премиерот Заев на Фејсбук.