Премиерот и претседателот тврдат дека немаат информации за т.н. бугарски компромис, за кој денеска јави „Политико“ од Брисел
Нашата позиција е јасна, ние не отстапуваме од идентитетот и јазикот, безрезервно ќе ги браниме, рече претседателот на државата Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со написот на Политико дека предложен е „бугарски компромис“ кој предвидува официјална Софија да го признае македонскиот идентитет и македонски јазик, како еден од официјалните во земјата, а за возврат Скопје да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски темели.
Треба да го видиме предлогот, па после да се произнесеме. Јас кажав дека ние таков предлог не сме добиле и не можам да коментирам такво нешто“,рече Пендаровски.