Македонија 17. декември 2019. / 09:13

Заев и Османи во посета на Чешка

Заев и Османи во посета на Чешка

Премиерот Зоран Заев со владина делегација ќе престојува во официјална посета на Чешка, каде што ќе оствраи средба со неговиот чешки колега, Андреј Бабиш.

Како што е најавено од владината прес-служба, во состав на владината делегација ќе биде и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Според агендата, планирано е премиерот Заев да оствари тет-а-тет средба со чешкиот премиер Бабиш, по што двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција.

Владината делегација ќе се сретне и со парламентарна делегација предводена од Радек Вондрачек, претседател на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република.