Македонија 13. септември 2018. / 14:28

Заев и Могерини доаѓаат во Скопје (ФОТО)

Заев и Могерини доаѓаат во Скопје (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев денеска по говорот во Европскиот Парламент, заедно со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини од Стразбур, доаѓаат во Скопје.

Заев на Фејсбук профилот објави фотографија од него и Могерини во авион за Скопје и порача дека високата претставничка на Унијата уште еднаш доаѓа во земјава за да даде поддршка за нејзината европска иднина.

– После моето обраќање во Европскиот парламент во Стразбур, заедно со мадам Федерика Могерини доаѓаме во Македонија. Нашата пријателка Федерика уште еднаш ќе даде поддршка на сите граѓани за нашиот заеднички пат кон европското семејство, објави премиерот.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, ќе има средба со премиерот, а потоа предвидени се кратки изјави за медиумите пред ресторан „Наргиле“ во Старата скопска чаршија.