Лидерите на најголемите политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски се во изолација откако е утврдено дека имале интервју со новинар кој во меѓувреме добил позитивен тест на коронавирус.
Информациите ги сподели со јавноста министерот за здравство Венко Филипче на вонредна прес-конференција изутринава.
Првиот резултат од тестот на Мицкоски бил негативен, а Заев е во Струмица и резултатот ќе се знае во текот на денот.
Новинарот што неодамна правел интервју со двајцата лидери е во болницата „8 Септември“ и е во стабилна состојба.