Македонија 12. јуни 2020. / 21:58

Заев и Мицкоски без договор за датум

Заев и Мицкоски без договор за датум

Нема договор меѓу Зоран Заев и Хрустијан Мицкоски за датум на одржување на предвремените парламентарни избори.

Се што лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се договориле е да ја продолжат меѓусебната комуникација.

Средбата се одржа на покана на претседателот Стево Пендаровски, во „Вила Водно“.

Кабинетот на Претседателот во соопштение наведе дека на средбата се разговарало за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудиле аргументи во прилог на нивните позиции.

На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори. Двајцата лидери се договорија да ја продолжат комуникацијата меѓу себе – стои во соопштението.

Средбата уследи по повикот од Пендаровски за решение за изборите за кои порача дека треба да се одржат, но да бидат во договор и со учество на сите политички субјекти.

Ова е прва средба во ваков формат за изборите кај шефот на државата, откако на претходните две лидерски средби не беше постигнат договор за датумот за изборите, што беа одложени поради кризата со епидемијата на Ковид-19.