Премиерот Зоран Заев денеска на конференцијата за безбедност во Минхен се сретнаа со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Двајцата премиери изразија големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразија подготвеност да настојуваат на зацврстување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносни прашања.
На средбата Харадинај им честиташе на претставниците на делегацијата на Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изрази надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо со што нашата земја ќе се стекне со полноправно членство во Алијансата.
На разговорот меѓу членовите на делегацијата потврдена е и натамошната заемна поддршка меѓу двете земји и за европските аспирации како стартешки интерес за граѓаните на двете земји.