Македонија 11. јули 2020. / 15:09

Заев и Филипче ги користат личната борба на Иван и семејната трагедија на Eмилија во политичка пропаганда

Заев и Филипче ги користат личната борба на Иван и семејната трагедија на Eмилија во политичка пропаганда

На Клиниката за Државна кардиохирургија, Иван Огњановски, првиот пациент во земјава кому му беше трансплантирано срце од донор, мораше да се сретне и да се слика со двајца посетители.

Како дел од нивната предизборна кампања, тој беше посетен од страна на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и министерот за здравство Венко Филипче, но овојпат, како што е наведено, во улога на претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.

Ви посакувам добро здравје, вие сте храбар човек и имаме златни луѓе, здравствени работници кои се грижат максимално за нашите пациенти. Вие сте нашата гордост. Имаме вредни и учени здравствени работници. Правиме сѐ да им ги подобриме условите и да ги задржиме нашите лекари во јавното здравство. Нема повредна работа од еден спасен човечки живот, рекол Заев, користејќи ја оваа прилика и да потенцира дека во изминатите три години „ги подобриле условите во над 30 јавно здравствени установи и инвестиравме во набавка на нова, современа медицинска опрема“.