Македонија 19. февруари 2021. / 08:23

Заев и Царовска на јавни расправи за реформите во средното стручно образование

Заев и Царовска на јавни расправи за реформите во средното стручно образование

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во Богданци и Струмица ќе учествува на јавни расправи за реформите во средното стручно образование, заедно со градоначалници, претставници на Министерството за образование и наука, директори на средни стручни училишта и претставници на компании.

Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, МОН овој месец почна процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година и за дизајнирање на наставните програми и уписните политики според барањата на пазарот на трудот.

Јавната расправа во Богданци ќе се одржи во Домот на културата „Бран Петрушев‘‘, а во Струмица ќе биде во Домот на Армијата.

Како што соопшти владината прес-служба, агендата на премиерот Заев ќе продолжи попладне со посета на новоизградената спортска сала во ОУ „Никола Вапцаров“ во Струмица.