Македонија 13. август 2020. / 18:15

Заев и Ахмети на работна средба: Постигнати се основи за напредок до коалиционен договор

Заев и Ахмети на работна средба: Постигнати се основи за напредок до коалиционен договор

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

Во заедничкото соопштение на СДСМ и на ДУИ се наведува дека до средбата доаѓа после доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на Претседателот Пендаровски за составување предлог за Влада со четиригодишен мандат.

На тричасовната конструктивна и продуктивна средба постигнати се основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото.

Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари.