Откако макдеонската јавност бурно реагираше за тоа зошто не беше интонирана македонската химна за време на посетата на Ципрас во нашата земја, Зоран Заев во интервју за ТВ Тера, признава дека не ја пуштил македонската химна заради Ципрас, но кажа и дека требало да бидат сменети симболите на македонската Армија.
Премиерот во интервју за Тера, само ги потвдри претпоставките на народот, дека химната не беше пуштена поради Ципрас, а не поради некое наводно доцнење кое го спомнуваше владиниот портпарол.
Кога видовме дека се доцни, рековме од каде да скратиме. Дајте квалитативниот дел на разговорите да го одржиме. Скартивме по еден министер. Но, реално кажувам дека симболите исто така, на АРМ не беа сменети, а треба да ги смениме. Ако сме пријатели и го почитуваме Договорот, не треба да дозволиме Ципрас да се врати во Грција и да го критикува неговата јавност. Пријателите водат грижа за себе, истакна Заев.