Македонија 28. јуни 2020. / 17:45

Заев го пофали Зоран: Заев работел чесно, Заев работел поштено

Заев го пофали Зоран: Заев работел чесно, Заев работел поштено

Чуден е овој Мицкоски и неговите околу него. Знаете како, секаде тој се слуша во едни други бомби како тој договара, како прави криминал, како заштитува криминалци, како го осптруира носењето на Законот за јавно обвинителство, како редовно прима пари за финансирање на партија и на кампања и тоа го покажува грдото лице, одговори денеска во Штип лидерот на СДСМ, Зоран Заев на новинарско прашање за новите бомби.

Тој посочи дека преку оваа бомба од друга страна, опозицијата се обидува со разговори помеѓу трети лица да го инволвираат.

Заев работел чесно, Заев работел поштено, Заев покажал комплетна посветеност за својот народ, за својата земја. Уште еднаш ќе испратам порака до сите дека сето ова што власта го правеше во целиот овој период е конкретно видливо и докажливо. Сето она што го зборува опозицијата е бла, бла, ништо повеќе. Требаше храброст за да падне режим – 2015 видоа храброст, требаше храброст да го обединиме нашето мултиетничко општество, да го создадеме концептот „Едно општество за сите“ за да денеска имаме мирни духови – еве им храброст – вели Заев.

Лидерот на СДСМ, од Штип порача дека како партија покажале и докажале оти има пари за сите, и како што рече  инвестираат во човечкиот капитал, во човечките ресурси.

Ја дигнавме слободата, слободата на говорот, ја вративме демократијата во нашата земја. Само тоа е важно и тоа е видливо и тоа се факти. Додека опозицијата може да го обноват само режимот, треба да си ја обноват својата партија, наместо да се трудат да  ја обноват татковината – вели Заев.