Македонија 02. март 2021. / 16:44

Заев: Го натеравме Мијалков да се пријави, истрагата за обидот за бегство мора да се спроведе

Заев: Го натеравме Мијалков да се пријави, истрагата за обидот за бегство мора да се спроведе

На денешната прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев  беше запрашан во врска со случајот за бегството на Мијалков. Тој рече дека истрагата за обидот за бегство на Мијалков мора да се спроведе до крај за да се види дали некаде системот затаил.

Ова прашање стигна до прмиерот за да се реши прашањето дали со овој презентиран план ќе бидат преземени некои законски промени затоа што самите институции и експерти посочија дека затаила координацијата меѓу Обвинителството и останатите надлежни институции.

– Имавме успешна акција за да го натераме беглецот да се пријави пред органите на прогонот. Истрагата мора да се спроведе до крај дали некаде затаил системот, дали има одредени слабости, дали кај институциите под извршната власт или во правосудството. Со тоа се надеваме дека ќе извлечеме поуки и ќе видиме каде се слабостите со цел нивно отстранување, одговори премиерот.

Tој напомена дека овој случај ги охрабри граѓаните дека е можна правда.

– Ние успеавме вакви процеси кои беа отворени од СЈО да ги придвижиме кон завршница, односно да се создадат услови да се завршат самите предмети. Денеска задволството кај мене, кај целиот наш народ е големо, кога има успешни завршници, рече Заев.

Прашан кога планира да се направи демонтажа на претходната власт, Заев рече дека право на впечаток имаме сите, но дека е факт тоа што имаме завршени со правосилни пресуди голем број случаи поврзани со претходниот режим и дека тоа ја испраќа пораката за правда и правичност и дека законот важи за сите.