Македонија 14. декември 2019. / 18:04

Заев го чистеше Бутел

Заев го чистеше Бутел

Премиерот Зоран Заев денеска засука ракави, стави ракавици и чистеше делови од општина Бутел. И тој заедно со вработените во јавната администрација и службениците во Град Скопје, ја спроведоа акцијата „Администрацијата чисти со граѓанската организација ‘Не биди ѓубре’“ која зафаќаше 20 локации низ градот Скопје.

Секој е должен да го дава и сопствениот придонес за доследното почитување и практикување на принципите како услов за почиста животна среедина, подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата, истакна Заев.

Тој нагласи дека Владата не го заборава и проблемот со загадениот воздух.

Имаме јасна политичка волја да се справиме со овој проблем кој, за кој ништо не беше преземано во минатото. Планот предвидува сеопфатен и координиран пристап за спроведувањето на мерките, во партнерски однос на владините институции, граѓанските организации, деловните компании и меѓународните организации, и во таа насока останува отворена нашата покана заедно да работиме на решавање на овие прашања, порача премиерот Заев.