Македонија 24. мај 2020. / 10:25

Заев го честита Фитер Бајрам: И покрај бројните мерки достоинствено издржавте

Заев  го честита Фитер Бајрам: И покрај бројните мерки достоинствено издржавте

„Празникот на Фитер Бајрам како еден од најзначајните датуми во Исламскиот календар, го означува крајот на светиот месец Рамазан. Духот и патот на верникот е тесно поврзан со прочистување на душата и мислата преку молитви, храброста да му се спротивставува на злото, насилството, злоупотребата, нарушувањето и уништувањето на чистите вредности“, се вели во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод верскиот празник Фитер Бајрам.

Во текот на овој месец, поминавте низ големи искушенија и предизвици оставајќи ги на страна сите лични потребни и суети, со цел приближување и возвишување кон семоќниот Господ. Иако годинава месецот Рамазан беше проследен преку бројни мерки и рестрикции како резултат на глобалната пандемија на Коронавирусот, вие пак достоиствено издрживте и ја исполнивте оваа годишна обврска која што во Исламот е една од главните столбови на верата, додава Заев.

Тој потенцира дека како значајни политички чинители во општеството, се води грижа и се презема максимална одговорност кон зачувување на здравјето, достоинството и благосостојбата на сите  граѓани. Преку воспоставување на професионалност, независност и демократизација на државните институции, нашата земја заедно со вас со сигурни чекори ги реализира своите аспирации и определби кон европското семејство, каде што припаѓаме.

Почитувани сограѓани, верници од Исламската вероисповед, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, како и во мое лично име Ви го честитам големиот празник Фитер Бајрам. Ви посакувам овие празнични денови да ги поминете со вашите најблиски и најсакани, во мир, лубов, спокојство и меѓусебно разбирање, завршува Заев.