Македонија 26. декември 2019. / 12:26

Заев ги уценува изборите со законот за опојни дроги – ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати по ниедна цена

Заев ги уценува изборите со законот за опојни дроги – ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати по ниедна цена

Во дузина закони со кои СДСМ го уценува одржувањето на избори се измените за законот за опојни дроги, за кој во екот на одлучувањето на датумот за преговори го злоупотребува и го става со европско знаменце, брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ за ,,Лидер”.

Со овој закон практични се штитат неговите бизнис интереси, особено ако се знае дека блиски на Зоран Заев се во бизнисот на произвоството на масло од канабис, објаснуваат добро информирани извори од ВМРО-ДПМНЕ за ,,Лидер”

Сега тој закон е во собраниска процедура и со него Заев уценува одржување на избори. ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за опојни дроги (марихуана), додаваат нашите извори.

Заев ќе се соочи со гневот на народот доколку продолжи насилно да се турка ова решение и да се злоупотребуваат изборите. Нема подршка за законот за опојни дроги, категорично потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ.