Му благодарам на италијанскиот премиер Конте за поканата за моја работна посета во Рим и за топлото добредојде попладнево во Владата на Италија во Palazzo Chigi. Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
Тој по средбата во Рим со Конте, попладнево ќе замине за Брисел каде што ќе учествува на прошталната работна вечера на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан.