Македонија 10. декември 2020. / 10:59

Заев: Европа мора да ги негува сите идентитети, должност и е да го негува и нашиот идентитет

Заев: Европа мора да ги негува сите идентитети, должност и е да го негува и нашиот идентитет

„Оптимизмот го негуваме континуирано. Ние градиме пријателство, немаме претензии. Ние сме мирољубив народ. Држиме убави европски лекции кои недостасуваат во модерна ЕУ – во контекст на дебатата за буџетот. Резерви дека имавме јас најавив, знаејќи до каде се оди во делот на барањето од нашиот источен сосед – пријателска Бугарија, изјави во Утрински Брифинг претседателот на Владата, Зоран Заев.

Премиерот е дециден дека тоа што е направено е во рамките на тоа што е дозволиво.

И вчера реков, македонскиот народ и идентитет се наше право на самоопределување. Европа мора да остане на своите фундаментални вредности, да ги негува сите идентитети на европскиот континент, должност и е да го негува и нашиот македонски идентитет. За решенијата со Бугарија разговаравме за тоа што Бугарија коментира, дека не е доволно реализиран Договорот за добрососедство, дека динамиката не е соодветна, направивме акционен план, динамики како тоа да се решава, одредени клаузули ги продолживме во форма на меморандум… Не е тоа отфрлено од Бугарија. Тука се и акции за спречување на говорот на омраза. Поголем фокус Бугарија имаше во последните недели ни проговарачката рамка… Но, Европа не може да дозволи да има поглавје 35. Губитник е Бугарија, губитник е и Северна Македонија, но најголем губитник е Европската унија, затоа што се посипа со пепел, рече премиерот во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој нагласи дека во престојниот период неговиот труд и заложби и натаму се наградуваат од страна на европски институции и организации.

-Ги собравме сите европски награди, во понеделник повторно добивам награда. Значи нашите политики се верифицирани, пред се од европските институции. Направивме Договор за пријателство, покажавме европски вредности, ги решивме меѓуетничките прашања дома, го затворивме Рамковниот договор, покажавме европски манири и вредности. Со Преспанскиот договор направивме историски исчекор во духот на европските вредности и манири. И дојде Европа Европа да покаже европски вредности и фалираше. Тоа е проблемот со ЕУ. Јас сум благодарен на сите земји членки што останаа на своите принципи. Сите 26 земји членки се унисони во тој дел. Германија е целосно насочена во овој правец. Друг пат нема, но испишани се црвените линии, дециден е Заев.

Запрашан за тоа до каде е спроведувањето на Преспанскиот договор, Премиерот Зоран Заев истакна дека во него се предвидени технички и политички услови кои се реализираат со предвидената динамика:

Во техничките делови во рок од пет години од потпишувањето треба сите документи за меѓународна употреба да се сменат со новото име на државата. Во политичките за внатрешна употреба, се што е документ и соодветно на секое од поглавјата, како се отвараат така се менуваат документите, но не повеќе од пет години. И сега има правно формален проблем, бидејќи нема отворање на поглавјата. Преспанскиот договор го реализираме. Во некои делови сме отидени и напред. Го прифативме – сме Македонци кои говорат македонски јазик и живееме во Република Северна Македонија. Тоа е факт. Во едни такви консталации реализацијата на Преспанскиот договор оди со одлична динамик, нагласи Заев.