Македонија 02. март 2020. / 13:51

Заев: Двојазичната табла во Струмица е поставена по грешка

Заев: Двојазичната табла во Струмица е поставена по грешка

Двојазичната табла поставена на зградата на Јавното правобранителство во Струмица наскоро ќе биде отстранета бидејќи е поставена по грешка, рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев, додавајќи дека таблата е грешка оти во Струмица нема повеќе од 20 проценти население од албанска етничка заедница.

– Во Кочани беше отстранета и на други места се отстранети, така што низ призмата на чесното почитување на Законот, она што законот го предвидува е практичната потреба на граѓаните. И употребата на јазикот е заради практична потреба, не е за изнаселување на една заедница врз друга, туку за меѓусебно почитување на правата на употребата на мајчиниот јазик, рече Заев.

Тој нагласи дека дефинитивно во општините каде што граѓаните од етничка албанска заедница се повеќе од 20 отсто постојат двојазичните табли. Таму каде што не се – не постојат двојазичните табли, рече Зааев и додаде дека истото толкување ќе го дадат и од меѓуресорско тело на ниво на државни секретари, којшто го води генералниот секретар на Влада.