Македонија 18. февруари 2021. / 13:32

Заев: Државната матура се преместува за 5-ти јуни

Заев: Државната матура се преместува за 5-ти јуни

Со решението за државната матура, која го објавија премиерот Заев и лидерот на средношколците Ходаи, државната матура од 29 мај се поместува на 5 јуни, а ќе се полагаат два екстрени и еден интерен предмет.

Премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиумите дадена заедно со претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи објави дека заедно со претставниците на Сојузот е изнајдено компромисно, но квалитетно решение со кое се гарантира квалитетен матурскиот испит кој гарантира запишување на фаултет во државата и на универзитетите во странство.

-Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата врз образованиот процес и врз основа на заедничката размена на аргументи и разгледувањето на решенијата изнајдени во други европски земји. Ова решение е прифатливо за Владата и беше потребно за да се излезе во пресрет на барањата на матурантите во нивна полза, рече Заев додавајќи дека и навистина било нужно државната матура да претрпи измени.

Заев рече дека ги ограбрува младите да бидат гласни, да се борат за подобрување на образовниот процес и преку укажување на проблемите тие низ дијалог со институциите да се решаваат.

Лидерот на средношколците Ходаи, објавувајќи ги деталите од решението во поглед на државната матура изрази благодарност до премиерот.

-Му благодарам на премиерот Заев за доблеста да го решиме ова крупно прашањето, ние сме задоволни, но сепак да не претерам со фалбите, тоа им е и работа како на премиерот така и на пратениците да се наоѓааат праведни и добри решенија, рече Ходаи.