Македонија 11. март 2019. / 09:33

Заев: Драго ми е што ВМРО-ДПМНЕ прифати да имаме работни групи за законот за јавно обвинителство

Заев: Драго ми е што ВМРО-ДПМНЕ прифати да имаме работни групи за законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев даде изјава за медиумите по завршување на лидерската средба со Христијан Мицкоски.

Темите за кои разговаравме беа претседателските избори и идниот тек на реформските закони кои се многу важни за граѓаните и датум за почеток на преговори со ЕУ. На едни вакви разговори зборевме за сите елементи за фер, демократки избори. СДСМ го поддржува кандидатот Стево Пендаровски, ние сме фаворити на овие избори. Драго ми е што разговаравме за теми важни за опозицијата. Разговараме за тоа што законот го предвидува. Но разговаравме и за сите мониторинг мисии. Дури отворивме иницијатива да ги дополниме местата со мониторинг. Верувам во делот на предизборите, кампањата и изборниот процес, рече Заев.

Според Заев она што го договориле е штабовите да имаат комуникација.

 Драго ми е што опозицијата прифати да имаме работни групи за законот за јавно обвинителство. Ова СЈО треба да се вгради во ЈО и да му седаде шанса овој капацитет да продолжи на чело со Јанева и целиот тим. Очекувам низ разговорите на работни групи да се постигнат услови, иднината на ЈО да има иднина на опстојување. Ова е значаен дел од реформите. Во делот на она што значи иднина на ЈО, вградено во СЈО во системот на обивнителство на Република Северна Македонија – тоа треба да го направиме во соодветен период.Ние треба до крајот на месец март да изградиме заеднички ставови и да ги изгласаме реформските закони. Разговаравме и за аспекти кои ќе значат дијалог и за други работи во државата. Отворив прашање за процесот на помирување кој треба да продолжи“, рече премиерот Заев по средбата со Мицкоски.