Премиерот Зоран Заев вели дека и тој се информирал од медиумите за последните информации дека Катица Јанева наредила форензичко бришење на компјутерите во СЈО, пишува Плусинфо.
–За форензиките не знам што е форензичко бришење. Знам дека институциите ќе си постапат како што треба. Имаме добро поставен обвинителски систем, рече премиерот.
За случајот „Рекет“ рече дека не сака да коментира и дека не се ни труди да врти телефони за да дознае нешто.
-Се води истрага, политичарите треба да бидат надвор. Ја користам приликата да ги охрабрам истрагата да продолжи без разлика до кого е стигне, рече премиерот.