Македонија 26. март 2019. / 21:34

Заев доживеа дебакл на дуелот со Мицкоски

Заев доживеа дебакл на дуелот со Мицкоски

Вечерва македонската јавност имаше можност да ја гледа дебатата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Според коментарите на социјалните мрежи, имајќи ги предвид аргументите изнесени во текот на дебатата, Мицкоски е победникот на оваа дебата.

Првиот дел од емисијата беше посветен на Специјалното јавно обвинителство.

Мицкоски кажа дека веќе поднеле предлог амандмани за укинување на СЈО, а предметите за организиран криминал и корупција да ги води постоечкото одделение во Јавното обвинителство. Од друга страна Заев истакна дека не се откажува од Катица Јанева, па доколку ВМРО-ДПМНЕ не го прифати предлогот за СЈО да се инкорпорира во ЈО, можно е да не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Говорејќи за случувањата од „27 април“ премиерот побара од лидерот на опозицијата јавно да го осуди насилството, по што Мицкоски тоа го направи и додаде дека го осудува и чинот кој што го предизвика тоа насилство, мислејќи на начинот на избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Во емисијата се отвори и прашањето за Преспанскиот договор.

Премиерот уште еднаш потврди дека е горд на тој договор и дека е сигурен дека Република Северна Македонија обезбеди иднина со потпишувањето. Од друга страна Заев не сакаше да одговори на прашањето на Мицкоски на кој јазик зборуваат Македонците кои живеат во Грција. Ваков капитулантски договор не прифаќаме, беше ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателските избори, секако беа тема на вечерашниот дуел.

Заев силно верува дека нивниот кандидат Стево Пендаровски ќе победи на изборите, а Мицкоски е убеден во победата на професорката Гордана Силјановска Давкова. И двајцата повикаа на фер и демократски избори. Власта сепак стравува од бојкот од страна на опозицијата, но Мицкоски увери дека тоа нема да се случи ако изборите се чисти. Доколку Пендаровски ги изгуби изборите, Заев вети дека на барање на опозицијата ќе распише предвремени парламентарни избори.

Делот од емисијата посветен на иселувањето и економијата беше пресуден за поразот на Заев.

Премиерот се фалаше со постигнатите резултати, но Мицкоски го разобличи секој негов став. Заев излажа за растот на БДП, за реалниот раст на странските инвестиции, заклучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот вети дека кога БДП ќе достигне 4 посто раст, граѓаните ќе ги осетат економските придобивки, а Мицкоски заклучи дека без правна држава инвестиции нема.

Според Заев, Договорот од Преспа ќе го спречи иселувањето на луѓето од државата.

На крајот од емисијата Мицскоски откри дека ниту роднините на Заев не веруваат во неговите економски политики. Компаниите „Гомасиндра“ на Трајче Заев, „Радиша Трејд“ на Радиша Заев и „Оридент Груп“ која е во сопственост исто така на Трајче Заев, се занимаваат со градежништво и се во Бугарија, а не во Македонија.

Низ целата емисија премиерот нагласуваше Северна Македонија, а лидерот на опозицијата го користеше името Република Македонија.

На крајот Мицкоски му подари значка на Заев на која пишува Република Македонија, а тој ја одби, бидејќи сме биле „Северна“.

Погледнете го целосно дуелот меѓу Заев и Мицкоски: