Донесовме и одлука инспекторите клетва да не ги фаќа, оти многу ги колнат при вршењето на работата, изјави денеска во вид на новогодишна шега премиерот Зоран Заев, во контекст на засилените мерки за време на новогодишниите празници насочени кон спречување на веселби со повеќе од 4 лица како превентива од ширење на коронавирусот.
–За време на новогодишната ноќ и сите празници државната пазарна инспекција ќе работи. Имаме обезбедено подобри услови, но на инспекција ѝ имаме дадено дополнителни надлежности, како што се затварање на објекти, поднесување кривични пријави. Само така можеме да се избориме со ковид кризата и ширењето на заразата, информираше премиерот..