Македонија 24. март 2020. / 15:09

Заев: Донесена е одлука, Северна Македонија почнува преговори за членство во ЕУ

Заев: Донесена е одлука, Северна Македонија почнува преговори за членство во ЕУ

Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. 🇲🇰🇪🇺 Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, напиша Зоран Заев на Фејсбук.

Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот, напиша Заев.