Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. ???? Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, напиша Зоран Заев на Фејсбук.
Нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може. Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот, напиша Заев.