Македонија 23. мај 2018. / 21:03

Заев: Доказите се богови во судските постапки против мене и против Груевски

Заев: Доказите се богови во судските постапки против мене и против Груевски

Македонското правосудство е на добар пат за да дели правда, рече ремиерот Зоран Заев во вечерашниот дуел со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Во врска со судските пресуди за него во случајот „Поткуп“ и за Груевски во „Тенк“, Заев рече дека клучни во постапките се доказите.

-Денес има отворена судска постапка и верувам дека Македонија заслужува да добие отворена судска постапка. Богови во постапките се доказите, и од тоа дали ги има или не, зависи одлуката. Денес отворено се зборува за се. Не е сјајно и нема кадровски промени се уште, реформите прво треба да ги направиме во својата глава, а и ние политичарите. Постапката и против мене и против Груевски ја следеше целата јавност – додаде Заев.