Македонија 24. октомври 2019. / 13:04

Заев дојде во суд за да сведочи за „Таргет Тврдина“

Заев дојде во суд за да сведочи за „Таргет Тврдина“

Премиерот Зоран Заев попладнево дојде во Основниот кривичен суд во Скопје за да сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а него го води судијката Женета Бегтовиќ. Застапник на обвинението е Ленче Ристевска.

За случајот досега сведочеа Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.