Македонија 26. јуни 2019. / 16:29

Заев до ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ви одржам економска лекција и уште четири нови години ќе бидете во опозиција

Заев до ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ви одржам економска лекција и уште четири нови години ќе бидете во опозиција

Собраниската расправа за реконструкција на Владата продолжи со барање од ВМРО-ДПМНЕ премиерот Зоран Заев да го повлече предлогот да биде и министер за финансии.

Јас нема да бидам министер. Ќе раководам со Министерството за финансии, со одлука на Владата, до изборот на нов министер за финансии, рече Заев.

Но, негодувањата продолжија. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прашаа зошто го менува министерот за финансии, кога во исто време тврди дека економијата расте, „тече мед и млеко во државата“.

Ветив економска лекција, ќе ја одржам. Враќање нема. И знаете што ќе значи тоа? Тоа ќе донесе 4 нови години опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев