Македонија 31. октомври 2019. / 14:12

Заев до Милошоски: Нова влада нема да има ни во април, ни во мај, ни во јуни

Заев до Милошоски: Нова влада нема да има ни во април, ни во мај, ни во јуни

Во тек е постапката за избор за амбасадор, потврди денеска премиерот Зоран Заев на прашање на пратеникот Антонио Милошоски.

Потребно е да се постават амбасадори час поскоро. За конкретните имиња, за двајца од нив се разговара, за нив воопшто не се разговара, објасни Заев.

Милошоки го потсети Заев на изјавата на Димитров пред неколку години дека „влада во заминување не треба да поставува амбасадори“ и оти не треба како земја да се доведеме во состојба да треба да се отповикува или да го враќа дома.

Различни се принципите и дека чесно е да се каже. Инаку нова влада нема да има ни в април, ни во мај, ни во јуни. Што побрзо го сфатите тоа ќе биде подобро за вас -одговори на тоа Заев.