Премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил, упати честитка до премиерот на Грција Алексис Ципрас за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.
– Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа. – напиша Заев.
За Договорот гласаа 153 пратеници, а против беа 146.