Македонија 09. март 2020. / 19:23

Заев: Денеска носиме големи одлуки

Заев: Денеска носиме големи одлуки

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил го најави почетокот на 24. Конгрес на партијата.

-Подготвени за #Конгрес24 на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија. Денеска носиме големи одлуки. Важни за иднината на државата и за иднината на партијата, напиша Заев на Фејсбук.

На овој Конгрес во пресрет на предвремените парламенатрни избори, СДСМ треба да ги објави кандидатските листи за пратеници.Конгресот ќе има отворен и работен дел. Отворениот дел ќе биде на почеток и на крајот од Конгресот.

На почеток, во отворениот дел од Конгресот предвидено е обраќање на лидерот на СДСМ Заев, а тој ќе има обраќање и на крајот на конгресот.