Македонија 27. ноември 2020. / 10:19

Заев денеска ќе сведочи на судењето за настаните на „27 април“

Заев денеска ќе сведочи на судењето за настаните на „27 април“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.

На претходните рочишта за настаните во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.