Македонија 30. март 2020. / 18:00

Заев: Денеска е голем ден за нашите граѓани, за нашата татковина

Заев: Денеска е голем ден за нашите граѓани, за нашата татковина

Македонското знаме гордо се вее пред седиштето на НАТО заедно со знамињата на останатите 29 членки. Ова е реализација на деценискиот стремеж на генерации наши граѓани, ова е потврда за успешноста на тешките, но и храбри чекори што ги преземавме, напиша поранешниот премиер Зоран Заев на „Фејсбук“.

„Република С. Македонија полноправна членка на најголемиот и најсилен воено безбедносен сојуз.

Оваа историска вест во вакви тешки околности ни дава дополнителна мотивација да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот и потоа да продолжиме да работиме уште посилно за нашите граѓани, за нашата држава.“, заклучува Заев.