Македонија 14. март 2021. / 09:48

Заев: Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден

Заев: Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден

Премиерот Зоран Заев денеска преку својот „Фејсбук“ профил им го честита на православните христијани празникот Прочка.

-Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето. Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа е концепт што носи добро за сите, напиша Заев на „Фејсбук“.

Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето.

Нашето внатрешно и меѓусебно…

Posted by Zoran Zaev on Sunday, March 14, 2021

-Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и правда за сите наши граѓани. Честит празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден, додаде Заев.