Премиерот Зоран Заев изјави дека постои голема доза на оптимизам за решавање на проблемот со потеклото на Гоце Делчев од двете страни.
Како што истакна тој, револуционерот е мост помеѓу Северна Македонија и Бугарија за нивен меѓусебен добрососедски мир.
–Бугарскиот народ е позитивен кон македонскиот народ и обратно. Верувам дека Борисов сака да се најде решение, сака добро за земјите од Западен Балкан и за Северна Македонија. Јас сум вечен оптимист. Да го немаше Гоце, требаше да го измислиме за да биде мост помеѓу двете земји. Треба да изнаоѓаме заеднички решенија, за да си помагаме заедно напред, рече Заев.