Во разговорот објавен на Јутјуб, во кој руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров, му се претставуваат на Зоран Заев дека се Грета Тунберг и нејзиниот татко, лидерот на СДСМ го навредува францускиот претседател, Емануел Макрон.
Заев се согласува со забелешката на Грета дека Макрон е ужасен и дека се однесува лошо, додавајќи дека човек и политичар на неговата позиција, мора да се однесува многу поодговорно. Заев вели дека лидери како Макрон мора да се однесуваат позитивно, а не постојано да ги менуваат позициите.
Се надевам дека ќе биде повеќе подговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не од апсект на постојано менување на позициите – вели Заев за Макрон.
Заев пред Грета Тунберг се согласува дека Макрон е ужасен човек и ветува деа , ќе ги затворел аеродромите затоа што многу загадуваат
Во дел од разговорот на Заев со наводната Грета Тунберг и нејзиниот татко које дел од најновиот пранкерски хит во кој се најде, тој говори дека Макрон мора да биде поодговорен политичар и се согласува со Тунберг дека е ужасен човек, а Грета му се жали дека Макрон игра со Русите.
Во продолжението од разговорот, во однос на односот на Макрон со американскиот претседател, Доналд Трамп, вели дека тие политичари имаат поврзаност меѓу нив и се водат од тоа, но дека на крајот од денот мора да бидат одговорни и да носиме тешки одлуки.
Дел од разговорот:
Грета Тунберг: Макрон (Францускиот претседател) е ужасен. Ги промени неговите позиции за климатските промени. Минатиот пат се однесуваше лошо, ги изневери западните вредности во полза на приближувањето со Истокот и оди кон руските интереси, незнам што им има ветено.
Зоран Заев: Нешто се случи таму, но се надевам дека ќе биде повеќе подговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не од апсект на постојано менување на позициите.
Грета Тунберг: Можам да замислам дека тие износи се големи пари за вашата држава и сум разочарана што Западот не ве поддржува и ве остави сам и мислам дека тоа е поради Трамп. Го мразам. Тој е непријател на заштитата на природата.
Зоран Заев: Тие политичари имаат поврзаност меѓу нив и се водат од тоа, но на крајот од денот мораме да бидеме одговорни сите ние и да носиме тешки одлуки, позитивни одлуки и тоа е нешто во кои сите ние можеме да учествуваме за време на нашиот мандат бидејќи е чест и одговорност за да се носат големи политички одлуки и во тој правец не се откажувај продолжи да се бориш и да не мотивираш сите нас.