Македонија 26. декември 2019. / 10:45

Заев: Да бевме опкружени со Данска, Шведска, Норвешка и Холандија прогресивниот данок ќе функционираше

Заев: Да бевме опкружени со Данска, Шведска, Норвешка и Холандија прогресивниот данок ќе функционираше

Премиерот Зоран Заев признава дека згрешиле што го вовеле прогресивното оданочување. Тој во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат, констатираше дека во вакво опкружување од соседни држави во кое се наоѓа Македонија, прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати.

Кога видовме дека резултатите од прогресивниот данок, во вакво опкружување во кое што сме со една Србија, Косово, Бугарија, не ги даде очекуваните резултати од неколколку причини. Прво не сме опкружени со Данска, Шведска, Норвешка, Холандија, туку сме опкружувани со балканските земји, констатираше премиерот.

Заев, кој воедно истакна дека прогресивниот данок не е политика само на поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски туку дека тоа била и негова политика, исто така призна дека при проекцијата на прогресивното даночно оптоварување, ги погрешиле и дека не ги поставиле внимателно параметрите кои се содржани во самиот закон.

Вториот дел е тоа што дефинитивно не ги поставивме внимателно сите параметри внатре. Ни се случување да едно четири члено семејство само едниот родител работи, зема 105 илјади месечна плата и тој е оданочен. Имаме семејства со многу имот, многу дуќани, многу куќи, многу станови и се и двајцата родители во семејството и две деца на пример земаат околу по 70 илјади денари плата и нив не ги фаќа повисокото прогресивно даночно оптеретување, рече Заев.