Рашела Мизрахи, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собранието за поставување на пратенички прашања му покажувашпе фотографии од членови од нејзиното семсјтво убиени во фашистички логор, како и фотографии од убиени македонски национални херои во текот на Втората светска војна.
Премиерот Зоран Заев, кој беше присутен на седницата, возврати дека тоа е однапред подготвена провокација и дека поранешната техничка министерка за труд и социјална политика во тој случај треба да зборува и за Германија, а не само за Бугарија.
– Ова е моето семејство однесено од бугарскиот фашистички окупатор во Треблинка., Сите убиени, освен мојот дедо, рече Мизрахи, која покажуваше и фотографии од Страшо Пинџур и Мирче Ацев, кои биле претепани до смрт, а рече дека и струмичанецот Благој Јанков – Мучето е застрелан од фашистите во Струмица, а Заев наредил да се избрише зборот „бугарски“ од неговата спомен плоча.
Заев рече дека фашисти ги убиле овие граѓани, но и дека Мучето бил предаден од пет македонски семејства каде што се криел, па потоа го убиле.
Тој исто така рече дека Бугарија не била администратор, туку окупатор поради позиција на тогашната власт и не по вилја на мнозинството Гугари, на што Мизрахи му одгoвори дека тој често го менува мислењето.