Не сме многу далеку од договор. Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали има волја за средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и шанса за решение пред состанок на Советот на министри на ЕУ.
Заев рече дека екстра времето кое што испадна дава шанска да се развиваат идеи и секаков вид варијанти кои се во духот на дигнитетот и достоинството на, како што рече двата пријателски народи да се изнајде решение.
-Само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас. Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е, и една средба помеѓу мене и премиерот (Бојко) Борисов, а верувам дека и нашите работни групи коишто контактираат интензивно ќе создадат и атмосфера за тоа, зборувам за двете страни, истакна Заев на маргините на Македонскиот енергетски форум 2020.
Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа за што се дискутира со Бугарија, Заев посочи дека не се зборува за отстапки, туку за решенија за двете страни.
– Не зборуваме за отстапки. Се зборува за решенија на двете страни. Постојат начини како тоа да се реши. Секако, уште еднаш потенцирам, драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност, а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија, секако внимавајќи едни на другите како страни во договорите – ние на бугарската страна, а бугарската страна да внимава на нас. Тоа го прават пријателите и верувам дека покажеме уште еднаш дека сме големи пријатели, нагласи премиерот.