Во своето гостување, на Топ тема, премиерот Зоран Заев, посочува дека соседна Бугарија останува наш пријател, иако е непријателскиот нивниот член со блокадата за почеток на проговорите со ЕУ.
– Чинот е непријателски, но Бугарија е наш пријател и верувам во нив, а Борисов се уште го нарекувам мој брат“, посочува Заев.
Тој додаде околу блокадата на Бугарија:
– Пече, корне, кине оваа блокада од Бугарија, а чинам се почувствува тагата во вчерашното обраќање. И јас сум човек, рече Заев.
Исто така, премиерот потенцира и дека на Македонија на патот и стои единствено засега само Бугарија, со која продолжуваат разговорите.