Донесовте политичка пресуда. Парите од рекетот барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски, рече Боки 13 на денешното судење.
По оваа изјава “Фокус”, побара коментар од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Денешната пресуда за овој случај е потврда дека правдата функционира независно за кого станува збор. Заврши времето кога политичари се јавуваа во правосудството за да заштитат прекршители на законот. И покрај тоа што сите докази за случајот познат во јавноста како Рекет и се добро познати на јавноста, сепак Бојан Јовановски вака јавно да лаже е од единствена причина, според мене, што токму јас го пријавив овој случај и секако ги одбив сите барања од него преку посредници за да му помогнам во судскиот процес, изјави Заев за “Фокус”.
Тој додава дека продолжува да се бори за правдата.
Јас се борев и продолжувам да се борам за владеење на правото. Јас се борев и продолжувам да се борам законот да важи еднакво за сите, непристрасно да одлучува правосудството без разлика за кој се работи и секој што се огрешил пред законот да си одговара изјави Заев за “Фокус”.