Нема друга гаранција за стабилност на земјава освен добивање на датум за преговори со ЕУ, објави премиерот Заев после средбата во Брисел со претседателот на Европската Комисија Жан Клон Јункер, пишува Експрес.мк.
-Отворањето на преговорите за нашето пристапување во ЕУ е единствената гаранција за одржување на домашната стабилност и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија, со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан, порачува Заев по средбата која се случува во очи донесувањето одлука на ЕУ дали Македонија наскоро ќе започне преговори за членство.
Заев е убеден дека Македонија направила се што требало за преговори и дека сега од ЕУ зависи дали ќе си го одржи ветувањето.
-Добивме и прецизни домашни задачи и ни беше речено: Испорачајте, и ние ќе испорачаме! Времето го искористивме за да се подготвиме за преговорите за пристапување. Сега, на потег се државите членки и институциите на ЕУ. На потег е Европа да покаже дека стои на зборот, вели премиерот Заев.
Три земји членки на Унијата се противат ЕУ да даде датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија.